Во периодот од 11 до 15 часот, во Големата сала, 46 хумани граѓани донираа крв и со тоа ја изразија својата желба да помогнат и да спасат нечиј живот. Крводарителската акција е традиционална и се одвива неколку пати годишно.
Најмладиот дарител на денешната акција која се одржа под мотото “Придружете ни се да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба!” имаше 20 година, а највозрасниот 65. Меѓу дарителите имаше и такви кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв.