Имајќи ги во предвид летните температури кои ќе следуваат и потсетувајќи се на минатогодишните пожари на плацевите во Расадник, општина Кисела Вода апелира и до секој свој жител и сопственик на приватен имот за совесно однесување, одржување на својот двор и плац на оваа територија каде што општината нема ингиренции да интервенира.
Општина Кисела Вода ќе продолжи со своите тековни активности за одржување на тревните површни во сите месни и урбани заедници кои се во нејзина законска надлежност.