Активностите за крпење на ударните дупки кои веќе се во тек во населба Драчево, село Драчево и во населба Припор на ул. Христо Татарчев - крак 23, според предвиденото треба да заврши до 25 јуни.
Градежните активности ќе продолжат и на улиците во Црниче и Пржино каде што е предвидена санација – крпење на ударни дупки со површина од 300 квадратни метри. Општина Кисела Вода како и досега, така и во иднина ќе продолжи да работи на санирање на ударните дупки.
Изведувач на градежните активности за санација – крпење на ударните дупки е „Изолација“ ДОО Скопје.