07/01 2016
Општина Кисела Вода информира дека поради временските неприлики, концертот на групата "Љубојна" со кој требаше да се отвори културното лето “Три круши 2016” и беше закажан за вечерва, се одложува. Воедно, се одложува и театарската претстава "Чолак", која требаше да се одржи утре вечер. Истите ќе бидат одржани во нов термин, за кој општина Кисела Вода дополнително, навремено ќе ве извести.