Повеќе од час и половина, во Паркот на бранителите, посетителите на културното лето на општина Кисела Вода, играа и пееја заедно со врвните музичари кои уште еднаш докажаа зошто за нив велат дека се еден од најквалитетните македонски музички состави и зошто концертите им се секогаш однапред распродадени. Со сплотената креативна енергија на нивната brass fantasy постава, на само нивен карактеристичен и уникатен начин, беа изведени “Мори чупи Костурчанки”, “Твоите очи Лено”...
Со спектакуларен огномет, беше означен крајот на првото случување од широкиот спектар на културни настани кој ќе и биде понуден на публиката во рамки на 11-тото издание на “Три круши 2016”.
Во среда, на 06.07.2016 г., во 20:30 часот, на верско- рекреативниот локалитет Три круши, во селото Драчево , докололку дозволат временските услови, ќе биде изведена театарската претстава “Чолак” во продукција на Драмскиот театар од Скопје. На оваа локација, до крајот на јули ќе бидат изведени и сите останати случувања од богатата програма на културното лето “Три круши 2016”, кое беше отворено со благословот од отецот Гоце Димитриевски од црквата Св. Спас во Драчево, а е во организација на општина Кисела Вода.