Од сцената на верско рекреативниот центар Три Круши, одлично прозвучеа неговите најпознати хитови „Сакам, не сакам“,“Марија”, “Иста си” и многу други популарни рефрени кои беа по желба на публиката. Синоќешниот концерт на Александар Тарабунов е првиот од неговата летна турнеја низ Македонија.
Богатата концертната програма на културното лето “Три Круши2016” коe е во организација на општина Кисела Вода, продолжува и вечерва. Во 20 часот и 30 минути, на Три круши, во селото Драчево, ќе настапи Кате и групата „Нели ти реков“.