Општина Кисела Вода ги поканува сите вљубеници во македонската народна песна да бидат дел од вечерашниот концерт, кој е дел од културното лето “Три Круши 2016“.
Исто така вчеравечер, на локацијата Три Круши, публиката уживаше во хумористична театарска претстава со Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски и Владо Дојчиновски која беше проследена со музички настап на Момо Николовски и групата Модерато.
Богатата концертна програма на културното лето “Три Круши 2016” кое е во организација на општина Кисела Вода, продолжува се до крајот на месец јули. Утревечер на истата локација, во истиот термин концерт ќе одржи Верица Пандиловска.