Акцијата ќе се спроведе пооделно по урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:
29.07. 2016 година од 07,00- 11,00 часот: УЗ. Кисела вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ. Драчево и МЗ. Припор.
30.07. 2016 годинаод 07,00 – 11,00 часот: УЗ. Цветан Димов, УЗ. Бирарија, УЗ. Црниче, УЗ. Пржино и УЗ. 11-ти Октомври згради
Општина Кисела Вода упатува апел до сите граѓани отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, а притоа да не се згрозува сообраќајот за автомобилите и пешаците.
Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен смет, освен градежен шут и комунален отпад.