Поради градежни активности на улицата „Народни херои“, од денеска ќе биде воспоставен привремен режим на сообраќај. Притоа автобусите од јавниот градски превоз кои сообраќаат на линиите „24“ и „59 б“, а кои се движат во правец од Центар кон Припор, ќе бидат пренасочени од ул. „Димо Хаџи Димов“, по ул. „Божидар Аџија“ (пред студентски дом „Пелагонија“), потоа по ул. „Вера Јоциќ“ и продолжува по својата траса ул. „Народни херои“ и ул. „Христо Татарчев“. Во обратна насока, кон Центар автобусите ќе бидат пренасочени и тоа од ул. „Христо Татарчев“, по ул. „Божидар Аџија“, потоа по ул. „Димо Хаџи Димов“ и продолжуваат по својата траса.