Во должина од околу 300 метри се поставува систем од цевки со Ф300 и Ф200, кои согласно изведените хидраулични пресметки треба да ги задоволат потребите за одвод на дождовна вода. Градежните работи треба да завршат до крајот на месец септември.
Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани кои живеат на оваа улица или во близина, за нивно трпение и разбирање додека траат градежните зафати, бидејќи реализацијата на овој крупен проект, ќе значи решение на проблемот со атмосферските води, а со тоа и создавање на подобри и поквалитетни услови за живеење.