Во исто време се обновуваат и тротоарите од двете страни на улицата на кои ќе бидат поставени бекатон плочи на површина од вкупно 660 квадратни метри. Проектот е финансиран со средства од буџетот на општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани кои ја користат оваа улица да имаат разбирање додека се во тек градежните зафати, бидејќи со реализацијата на овој проект ќе се создадат подобри услови за живеење.