-Тимот е добро подготвен и мислам дека во оваа нова сезона во АБА лигата, достојно ќе ја презентира македонската кошарка. Наша цел е пласман во вториот натпреварувачки круг од лигата, но за да го постигнеме тој успех потребно е да обезбедиме пласман од првото до четвртото место во ,,Б“ групата. Оттука, уште денеска, на домашен терен во нашиот нов кошаркарски дом, спортската сала ,,Независна Македонија“ во општина Кисела Вода ќе се обидеме да ја забележиме нашата прва победа, - меѓу другото истакна тим менаџерот Љупчо Павловски.
- Средбата , КК Бадел 1862 - КК Атлета Цеље, се игра вечерва (07.10.2016 година) во спортската сала ,,Независна Македонија“ (во ОУ Невена Георгиева Дуња), со почеток во 19.30 минути. Со цел да им излезе во пресрет на сите љубители на кошарката, општина Кисела Вода одлучи влезот да биде бесплатен.