10/17 2016
Со реализиацијата на активностите за собирање на кабаст отпад, на жителите на општина Кисела Вода по четврти пат оваа година им беше овозможено да се ослободат од стариот и неупотреблив мебел, предмети за домаќинство, електрични апарати и други предмети.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина.