На настанот, со кој се одбележува 167 години од смртта на овој музички великан, организиран од Одделението за култура при општина Кисела Вода присуствуваше и заменик амбасадорот на Република Полска во Република Македонија Вероника Стањец Порчиќ.
Пред бистата на Фредерик Шопен беше поставено свежо цвеќе, а потоа жителите на општина Кисела Вода имаа можност да уживаат во музичката изведба на триото ,,Аурора’’, во состав Ева Богоевска – виолина, Њомза Џафери – пијано, Тамара Тодоровска – виолончело, под водство на професорката Марија Богоевска од Средно музичко – балетскиот училишен центар “Илија Николовски – Луј”.
Општина Кисела Вода е единствената општина во Република Македонија, во која една улица е именувана по овој светски музичар, а во 2010, беше отворен и паркот Шопен во кој се одвиваше денешниот настан.