Проектот, со поддршка од општина Кисела Вода, се реализира веќе четврта година и има за цел зачувување на традиционалните вредности преку приготвувње на храна по рецепт на нашите баби кои пак користеле свежи продукти од природата, без конзерванси, што е особено важно за здравјето на децата.
На настанот на кој присуствуваа бројни гости, беа истакнати заложбите на општина Кисела Вода за здрава исхрана на учениците преку проектот кој веќе трета година се спроведува во основните училишта во општина Кисела Вода.
Имено, општина Кисела Вода, беше првата општина која за подобрување на исхраната во училиштата даде иницијатива во изготвувањето на храната да биде вклучен и консултиран нутриционист, како на учениците би им се понудиле квалитетни менија.