01/05 2017
Со оглед на временската прогноза и најавите за нови снежни наноси, општина Кисела Вода апелира до сите жители на оваа територија да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите. Потсетува и на законската обврска на деловните субјекти и сопствениците на јавни објекти за расчистувањето на снегот пред влезот на истите.