Мерките кои се спроведуваа преку Секторот за образование при општина Кисела Вода вклучија поставување на нова санитарија, плочки, нови врати, на нова водоводна инсталација и одводни цевки, на штедливи лед арматури за осветлување.
Паралелно беше извршена темелна обнова на дел од санитарните јазли и во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, додека градежните зафати за реконструкција на истите во ООУ “Кузман Шапкарев” во населбата Драчево се уште траат.
Средствата за сите посочени градежни инвестиции во санитарните јазли на училиштата се обезбедени од буџетот на Општина Кисела Вода.