Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат,во овој момент, изнесува 3424. Исто така, изготвени се уште 264 урбанистички согласности, од кои, за 187 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.