Општината веќе работи на замена и поправка на оштетените реквизити на детските игралишта. Реконструктивните зафати опфаќаат репарирање на детските реквизити и урбаната опрема, а веќе во текот на следната седмица акцијата ќе продолжи со косење на нараснатите тревни површини.
По извршените активности за расчистување и санација, игралиштата ќе бидат подготвени и безбедни за најмладите жители на општината кои слободното време најмногу го минуваат во овие детски катчиња.
Општина Кисела Вода апелира за совесно однесување и зачувување на животната средина и урбаната опрема која има за цел подобрување на ликот на овој дел од градот и обезбедување на квалитетни содржини со кои жителите можат да го исполнат слободното време.