Преку програмата Општинско – корисна работа, осум невработени лица, негуватели, кои беа работно ангажирани од страна на општина Кисела Вода, согласно објавениот јавен оглас, добија потврди за својот успешен ангажман. Се работеше за невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку една година кои, преку Секторот за локален економски развој на општината, добија работен ангажман во јавните детски градинки на територија на општина Кисела Вода, за период од шест месеци, за што добиваа паричен надомест и се стекнаа со практични искуства и вештини за нивно постепено вклучување на пазарот на труд.