На свечната прослава учениците од сите одделенија на оваа училиште пред присутните се претставија со богата програма сочинета со драма, музички и ритмички точки.
Одбележувањето на 72-рата година од постоењето на училиштето се одвива веќе една недела со различни активности.
Во текот на оваа недела се одржа натпревар по математика и англиски јазик, за кои на најдобрите им беа доделени дипломи за прво, второ и трето место како и пофалници за останатите учесници.
Во текот на вчерашниот ден се одржа и изложба на ликовни и литературни творби на која на најдобрите им беа доделени дипломи и пофалници. 72-рата година од постоењето, ова основно училиште од општина Кисела Вода ја одбележа и со пуштање на нова веб страна која секојдневно се ажурира. Оваа нова веб страна може да се отвори на следниот линк http://www.kirilpejcinovic.edu.mk/.
Во ООУ Кирил Пејчиновиќ годинава настава посетуваат вкупно 920 ученици.