Акцијата ќе се спроведе пооделно по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:
19. 05. 2017 година (петок) од 07,00 – 11,00 часот:
- У.З. Кисела Вода, У.З. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври бараки, МЗ. Пинтија, У.З. "Бобан Трпков"- населба Драчево, М.З.село Драчево , М.З. Усјe и Градинар, М.З. Припор- локација (ул. Христо Татарчев – до месната заедница Припор, месност Бабин дол – последна автобуска станица на 24)
20. 05. 2017 година (сабота) од 07,00- 11,00 часот:
- У.З. Цветан Димов, У.З. Бирарија, У.З. Црниче, У.З. Пржино и У.З. 11-ти Октомври згради
Почитувани граѓани, Ве замолуваме отпадот да го одложувате во точно предвидените термини пред своите домовите, колективните згради на пошироките улици на начин што кабастиот отпад нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на ЈПКХ-Скопје.