Со оваа победа ,,балеки“ им се реваншираа на КК Вардар за годинешниот пораз во финалето на Лимак купот на Македонија. За успешните игри во финалната серија, заслужуваат честитки сите кошаркарки на Бадел, но сепак репрезентативката Нена Трајчевска го доби приматот најкорисен играч (МВП) во финалната серија.
- Нашата добра подготвеност на крајот резултираше со четврта титула во женската кошарка. Мене ми е посебно драга бидејќи за првпат тоа се случува во општината Кисела Вода, која во тековната сезона беше дел од спонзорите и подржувачите на клубот. Инаку "Бадел 1862“ којзнае по кој пат, докажа дека е професионален клуб кој од година во година се надградува и размислува во правец на афирмација на женската кошарка. Како клуб го подржуваме проектот на општината Кисела Вода - ,,Спорт за секое дете“ па оттука ја гледам шансата веќе во наредната сезона многу кошаркарски таленти од осумте основни училишта во општината Кисела Вода да бидат дел од "Бадел 1862“, -меѓу другото истакна тим менаџерот на клубот Љупчо Павловски.