05/25 2017
Во должина од 850 метри, ќе се работи на рехабилитација на постоечкиот коловоз кој има видливи оштетувања и надградба со слој од асфалт бетон. Притоа ширината на постојниот коловоз од 3.50 метри ќе остане непроменета.
Градежните активности кои се изведуваат по налог на Општина Кисела Вода и се финансирани од оваа локална самоуправа, ќе се одвиваат во наредните 30 дена.