Потребата за доближување на училиштето до учениците, беше увидена од страна на Општина Кисела Вода, по извршената анкета и утврдувањето дека поголем број на музички талентирани ученици од трите основни училишта на територијата на Драчево , патува повеќе од 12 км во доцните попладневни часови до централното градско подрачје за да ја следи наставата по музичко образование. Со цел да им се излезе во пресрет, да им се намалат трошоците и да не губат време во патување, за овие ученици беа обезбедени просторни услови во ОУ “Кузман Шапкарев” во Драчево, а Општината донираше музички инструменти за ова училиште, кои се потребни за одржување на наставата.
Електронските апликации можат да се пополнат и испратат до 31.05.2017год и се достапни на веб страницата на МБУЦ “Илија Николовски Луј”, при што апликантите треба да наведат дека сакаат наставата да ја посетуваат во дисперзираните паралелки во населбата Драчево.