Активно учество во Мултимедијалниот ликовно-музички хепенинг земаа учениците од основните училишта ПОУ „Златан Сремец“, „Димитар Влахов“, „Кузман Шапкарев“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Партение Зографски“, „Рајко Жинзифов“, „Круме Кепески“ и „Невена Георгиева-Дуња“.
Учениците сликаа, читаа поезија, пееа и играа на темата „Скопје се сеќава“, со што уште еднаш присутните се потсетија на големата трагедија од 26.07.1963 година, но и големата сплотеност и единство на жителите на градот, за полесно и побрзо да ја пребродат кризата и да изгрдат поубаво и посовремено Скопје.