Повеќе од еден час бројната публика имаше можност да ужива во традиционалните звуци на тамбурата, во прекрасната изведба на песни од забавната музика, но и во препевот на најубавите македонски староградски песни, кои оставија белег кај публиката.
Културното лето “Три круши 2017“ кое е во организација на Општина Кисела Вода продолжува и вечерва. На истата локација со почеток од 20:30 часот посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапот на “Силви бенд“.