Со утрешното случување, уште еднаш се потврдува заложбата на Општина Кисела Вода, како организатор, за презентирање и афирмирање на квалитет, естетика и следење на желбите на граѓаните, со чии сугестии беше креирана целокупната програма се прикажува пред публиката.
Досега, посетителите на Културното лето “Три круши 2017“, имаа можност да уживаат во одличниот настап на македонските фолк ѕвезди Наум Петрески и Зуица Лазова со чиј концерт се отвори оваа манифестација.
Културното лето со својот настап го збогатија членовите на етно составот “Чалгија Саунд Систем”, како и миленикот на публиката Миле Кузмановски.
Од летната сцена прозвучеа и “Дипломатик бенд“ , тамбурашкиот оркестар “Ѓезме“, како и популарното македонско дуо “Силви Бенд“, а до крајот на месецов кога и официјално завршува оваа традиционалана манифестација, ќе настапат и КУД Китка од Драчево, како и Сузана Спасовска со “Академци”.
Општина Кисела Вода ги поканува сите сите љубителите на музичката експресија на Сара Мејс, да бидат дел од утрешното случување во Паркот на бранителите. Концертот ќе започне во 20 часот и 30 минути.