Имајќи ги во предвид најавените високи температури кои ќе следуваат и потсетувајќи се на минатогодишните пожари на ваквите парцели, општина Кисела Вода апелира за совесно однесување и укажува дека одговорноста за имотот кој е во приватна сопственост е на самиот сопственик. Воедно, упатуваме и повик и до сите останати жители и сопственици на приватен имот, каде што општината нема ингеренции да интервенира, за совесно однесување, одржување на својот двор и плац и превентивно делување во насока на заштита од пожари. Со цел да се намали ризикот од пожар на отворен простор, апелираме и за внимателно однесување во рекреативните центри на отворено.
Општина Кисела Вода ќе продолжи со своите тековни активности за одржување на тревните површни во сите месни и урбани заедници кои се во нејзина законска надлежност.