Посебно задоволство граѓаните изразија од изградата на новиот училишен објект за ООУ Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателствоизградата на новиот училишен објект за ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”, реновирањето на ООУ Кузман Шапкарев и изградбата на спортската инфраструктура во кругот на ова училиште- повеќенаменското игралиште и тениското игралиште кои се градеа во соработка со Агенцијата за млади и спорт, како и изградбата на фитнес зона од страна на Општината и во населбата и во селото Драчево, но и спортското игралиште во населбата Пинтија.
Со жителите на населбата Драчево се дискутираше и за изградениот Парк на бранителите, додека жителите на селотото Драчево изразија благодарност за изградбата на водоводна мрежа во месноста Три круши, како и изведбата на цевковод кон висока зона Порупи, реконструкцијата на кракот 2 на ул. Ратко Митровиќ, но и за отпочнувањето на градежните работи за возобновување на Домот на културата во селото Драчево, како и за градежните работи за целосна реконструкција на ул.” Партизански пат”.
И со жителите на Пинтија се дискутираше за сработеното во изминатиот четиригодишен период. Имено, преку 2 милиона евра беа вложени во оваа населба.
Се изгради првата градинка во овој дел на градот , Општината изврши и реконструкција на коловозот на улицата која води до градинката, како и до подрачното училиште “Рајко Жинзифов”, кое е во непосредна близина, но и каде функционираат и повеќе домаќинства. И во моментов се одвиваат градежни активности за поплочување со павер елементи на улица Саса 2.
Во населбата Пинтија се изведе и капиталниот проект за изградба на нов водовод, како и реконструкцијата на улицата ”1440”.