Финализирани се градежните зафати кои опфатија промена на ламинатот на површина од 800 квадратни метри, внатрешно молерисување на објектот, отстранување на старата ламперија и поставување на гипс-картон со глетување на ѕидовите.
За реализацијата на овие реконструктивни зафати, Општина Кисела Вода вложи околу 900.000 денари. До крајот на 2017 година ќе тече и втората фаза која ќе овозможи санација на тоалетите, а веќе во третата фаза која е предвидено да се реализира во 2018 година, ќе се изврши реновирање на делот со јаслите, промена на прозорците и ламинатот.
Објектот на градинката “Сончоглед” згрижува 260 дечиња. Се наоѓа на улицата “Локов” во населбата Кисела Вода е дел од ЈДГ “Весели Цветови”. Датира од 1975 година и во него досега немало некој покрупен реконструктивен зафат.