Работилницата се одвиваше на покана на Британската амбасада, со поддршка на Општина Кисела Вода.
Гостите од Обединетото Кралство, Давид Симсон член на танцовата група „Ларондина“, заедно со неговата мајка, како и членовите на истата група и волонтери од Средното интернационално училиште „Нова“ на дел од наставниците, учениците и родителите од ООУ „Кузман Шапкарев“ им овозможија да научат повеќе за различностите и да се сензибилизираат за лицата со попреченост.
Работилницата беше збогатена со танцови игри, ликовни творби, а беа напишани и пораки преку кои учениците на лицата со попреченост им дадоа поддршка.
Едукативната работилница во истото училиште ќе продолжи и наредниот месец.