Мартин и Стефан раскажуваа за своите почетоци, за своето детство и ученичките денови, за искуството да се претставува Македонија на Евровизија во 2009-та година.
Одговараа и на прашањата од учениците за тоа како настанала групата “Next Time“, што им значи музиката, какви обврски носи, додека композиторот Мицевски им раскажа за тоа како настанале преработките на нивните омилени песни. Средбата на третоодделенците со “Next Time“, заврши со заедничка песна и со желба за повторна средба.