-“ Општина Кисела Вода, односно Одделението за легализација на дивоградби, во насока на забрзување на темпото со кое се решаваат предметите за легализација во изминатиот период кадровски и технички се доекипираше и резултатите веќе се видливи. Тоа го потврдува и статистиката. Имено, во изминатите два месеца, откако ја воспоставивме оваа практика, доделивме преку 350 решенија за легализација, или во просек по 40-тина решенија за легализација на неделна основа”- изјави градоначалникот Беличанец - Алексиќ.
Таа повторно упати апел до граѓаните кои сеуште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок.
Истовремено, ги повика сите правни и физички лица на кои им е изготвена урбанистичката согласност, во најкраток можен рок да го платат надоместокот, за да може да се продолжи постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите.