Средбата беше иницирана од амбасадата на Република Македонија во Република Бугарија. Покрај градоначалниците на средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Република Бугарија, Марјан Ѓорчев, како и претставници од двете општини.
На средбата се разговараше за идна меѓусебна соработка и взаемна поддршка за развој во полето на културата, спортот, инвестициите како и за европски проекти.
Градоначалникот Филип Темелковски го покани градоначалникот Цветомир Жеков на официјална средба во Општина Кисела Вода во месец април.