01/26 2018
По добиено соопштение од РЦУК - Скопје, Општина Кисела Вода информира дека денес поради отстранување на дефект на 2-затворача на водоводна мрежа со пречник ф-150мм на ул.Народни Херои бб, од 09:00 часот па се до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Народни Херои, ОУ Невена Георгиева Дуња, градинката, дел од ул. Михаил Чаков и населбата 11-ти Октомври.