Во наредните десетина дена, по два кубни метри огревно дрво ќе добијат приматели на постојана парична помош, корисници на социјална парична помош и самохрани родители, од сите месни и урбани заедници во Општина Кисела Вода. Одлуката за доделување на огревно дрво на најранливите категори на жители, беше донесена на седница на советот на Општина Кисела Вода, поддржана од страна на градоначалникот Филип Темелковски. За истата, беа обезбедени средства од буџетот на општината.