Имено, оваа акција која започна утринава, Општина Кисела Вода ја спроведе во соработка со невладината организација ХОПС - опција за здрав живот. За успешно спроведување на истата од страна на Општина Кисела Вода беа вклучени 30 сезонски работници, а од страна на невладината организација ХОПС вклучени беа 10 нејзини членови и поддржувачи.
Во оваа акција беа собрани околу 1 тон најразличен медицински отпад кој го користат зависниците кои ја посетуваат оваа болница.
Воедно, Општина Кисела Вода во координација со Министерството за здравство вложува максимални напори во блиска иднина да изнајде решение за овој проблем со кој се соочуваат жителите од овој дел од општината.