Во кабинетот на градоначалникот беше дискутирано за можностите за продлабочување на, и онака добрата, соработка што унгарската држава ја има со оваа Општина. Имено, Општина Кисела Вода е единствената општина во Скопје во која една улица е именувана по големиот унгарски поет и револуционер Шандор Петефи, а таму е поставена и негова спомен плакета.
На оваа локација секоја година во рамки на одбележување на Националниот ден на Унгарците, 15 Март, Општина Кисела Вода заедно со Амбасадата на Унгарија во Македонија и Здружението на на Унгарците во Македонија одржува пригодна свеченост. Оваа година, Амбасадорот Дукс и градоначалникот Темелковски се договорија, покрај другите случувања, да има и литературен конкурс за основците од повисоките одделенија од училиштата во Општина Кисела Вода кои ќе творат на теми поврзани со животот и делото на Шандор Петефи и за Унгарската револуција од 1848 година. Двајцата првонаградени ученици како награда ќе добијат посета на Унгарија, организирана преку Амбасадата и Здружението на на Унгарците во Македонија.
На средбата, од двете страни се изрази и подготвеност за подобрување на економската соработка со Унгарија. Од страна на градоначалникот беа презентирани економските потенцијали на Општината, беше кажано дека во фаза на формирање е Советот на стопанственици од Кисела Вода кој треба да овозможи подобро функционирање на деловните субјекти, за што секако би значела соработката со компании од Унгарија. Воедно, се дискутирше и за можностите за остварување на партнерство и со други локални самоуправи од Унгарија како и други форми на соработка во насока на зближувањето на двата народа, унгарскиот и македонскиот.