Имено, во спортската сала Архиепископ Доситеј, ќе играат двата ракометни клубови од Општина Кисела Вода, РК “Металург Јуниор” и РК “Спартак”, а ќе игра и РК “Ринија”.
Во првата средба, закажана за сабота во 12 часот, силите на теренот ќе ги одмерат РК “Спартак” и РК “Ринија”, а во недела во 13 часот, победникот од оваа средба ќе се сретне со РК “Металург Јуниор”.
Победникот од неделниот натпревар обезбедува понатамошен пласман во Ракометниот куп на Македонија. Општина Кисела Вода ги известува сите љубители на ракометот и воопшто на спортот дека за споменатите натпревари кои се играат викендов во спортската сала “Архиепископ Доситеј” (во кругот на ЦОУ “Круме Кепески”), влезот е бесплатен.
Воедно, влезот ќе биде бесплатен и за прволигашката средба меѓу кошаркарките на “Бадел 1862” и “Кавадарци”. Вљубениците во женската кошарка овој натпревар можат да го проследат утре, сабота (24.02), во 16 часот во салата “Независна Македонија”.