На средбата се дискутираше за продолжување на соработката преку која оваа престижна институција и овозможи на Општина Кисела Вода реализирање на повеќе проекти, пред се на полето на енергетската ефикасност и подобрувањето на условите во воспитно образовните установи. Од страна на градоначалникот Темелковски беа презентирани потребите на жителите на овој дел од градот, и заедно со г-ѓа Винтон ги утврдија можностите за реализација на следни заеднички проекти.
Инаку, и во моментов, во Општина Кисела Вода е во тек реализација на еден проект кој се реализира во соработка со УНДП, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и преку кој времено, во јавните детски градинки, работно се ангажирани негуватели и образовни асистенти. Средствата за реализација на оваа проектна активност се обезбедени од страна на УНДП.