Од страна на градоначалникот Темелковски, беа презентирани потенцијалите на Кисела Вода како локална самоуправа и приоритетните проекти кои треба да им овозможат подобри услови за живеење на жителите од овој дел на Скопје.
Меѓу другото, со директорот на НДИ, Хеншоу, се разговараше и за начините на кои локалната самоуправа може да помогне во повторното отворање на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните од страна на Собранието на Република Македонија. Уште една тема на која беше ставен фокусот беше имплентирањето на родовата перспектива во работата на Општина Кисела Вода. Во оваа насока, како што информираше градоначалникот Темелковски, во тек е обука на административните службеници за родова еднаквост.