За таа цел, вчера градоначалникот Темелковски, во придружба на секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски, како и раководителот на Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, Марјан Стојанчевски остварија средба со жителите на МЗ Усје.
На синоќешната средба граѓаните имаа можност пред градоначалникот да ги претстават своите барања, како и проблемите со кои се секојдневно се соочуваат во нивната месна заедница Усје.
Градоначалникот Филип Темелковски на жителите на Усје им најави скорешно изнаоѓање на решение за дел од проблемите. Покрај ова, градоначалникот Темелковски нагласи дека се што е предвидено согласно програмата на Општина Кисела Вода, како и се што е приоритет и е во интерес на граѓаните во иднина ќе биде реализирано.
Воедно, на оваа средба жителите едногласно одлучија Советот на МЗ Усје да брои вкупно 7 члена. Имено, тие избраа и свои претставници кои во периодот од 2018 – 2022 година ќе ги застапуваат нивните интереси. Во советот на МЗ Усје избрани се Марјан Андреевски, Благојче Ивановски, Веле Неделковски, Киро Мицковски, Бојан Стојановски, Родица Анастасова и Силвана Трајковска. За претседател на истиот избран е Марјан Андревски.