На оваа средба градоначалникот Темелковски заедно со секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски, и дел од раководителите на повеќето сектори од општината, ќе дискустираат со граѓаните за изнаоѓање на решение за проблемите со кои се соочуваат во овој дел од локалната самоуправа.
Имено, покрај ова граѓаните ќе имаа можност пред раководството на Општина Кисела Вода да ги претстават и своите предлози и идеи, кои би придонеле за подобар живот за сите во овој дел од урбаната заедница.
Воедно, на крајот од овој работен состанок присутните грѓани ќе имаат можност да изберaт и свои претставници во Советот на урбаната заедница 11 Октомври – згради.