Љубителите на кошарката, ќе имаат можност да проследат повеќе натпревари на кои младите кошаркари од Македонија, Србија и Бугарија ќе ги одмерат силите на теренот. На овој трунир ќе учествуваат деца до 14 годишна возраст.
Натпреварите ќе се одвиваат според следната програма:
23.03.2018
14:00 Вардар – Актавис
16:00 Балкан - Буба баскет
18:00 Пловдив - Актавис
20:00 ФМП Академија – Балкан
24.03.2018
09:00 ФМП Академија - Буба баскет
11:00 Вардар - Пловдив
15:00 А3 - В3
17:00 А1 - Б2
19:00 А2 - Б1
25.03.2018
09:00 Ќе се игра за трето место
11:00 Финале
Имено, идејата за започнување на овој куп кој се одржува по втор пат, доаѓа од екипата „Балкан“ од Ботевград, Бугарија. Воедно, обврска на секој клуб кој е дел од овој трунир е во текот на годината да организира по еден турнир во својот град, додека на крајот од годината се одржува и еден завршен турнир за најдбрите учесници.