На состанокот се дискутираше за тековните активности, како и за подготовките за реализација за мобилност на наставен кадар од ОУ „Невена Георгиева Дуња“. Од страна на претставниците од училиштето, беа нагласени и активностите на вработените на е Twinning платформата, формираните блогови, падлети, како и други ИТ можности за вмрежување и размена, се со цел училиштето да биде поинтернационално и да се доближи до различните, успешни образовни национални стратегии.
Воедно, неодамна, како дел од мултиетничките проекти на ОУ „Невена Георгиева Дуња“, во просториите на Црвениот крст – Даре Џамбаз, учениците заедно со нивните сооученици од ОУ „Емин Дураку“ од селото Буковиќ, Општина Сарај одржаа Мултимедијален перформанс. На истиот присутен беше и градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, како и секретарот на општината Александар Алексовски.