03/28 2018
Имено, акцијата која утринава започна од населбата Драчево, во периодот што следува ќе се спроведе на јавните површини во сите месни и урбани заедници. Со пролетната дератизација ќе бидат опфатени вкупно 3863 шахти.
Истата ја спроведува фирмата Токси Вет, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина во соработка со ЈП Водовод и канализација.