Истиот има за цел да им помогне на новите родители за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на Општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител.
Заедно со барањето тие треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.