Акцијата имаше и натпреварувачки карактер помеѓу учениците и училиштата вклучени во оваа акција. Учениците и вработените, во текот на целата учебна година собираа амбалажен отпад од пластика (пластични шишиња), а беа стимулирани со постапката за прогласување на најдобро еколошко училиште, награди и производи за почисто училиште.
Друштвото ПАКОМАК во текот на целата учебна година ги наградуваше најдобрите училишта и паралелки во училиштата (екскурзии, посети, нагледни средства, техничка опрема и течен сапун во училиштата), а на крајот на учебната 2012/13 година беа свечено доделени награди на најуспешните училишта од три општини во Скопје: Општина Кисела Вода, Општина Карпош и Општина Гази Баба. Како најдобри училишта од Општина Кисела Вода во оваа акција беа прогласени: ОУ “Круме Кепески” и подрачното училиште “Рајко Жинзифов” од Пинтија, кои како награда добија техничка опрема. Ваквата еколошка акција ќе продолжи во следната учебна година.