Уписот на првачиња во прво одделение е за учебната 2018/2019 година, за деца родени во 2012 година. Децата кои до 31.01.2019 година ќе наполнат 6 години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот/ старателот и мислење од училишниот педагог.
Уписот трае од 02.05.2018 година до 31.05.2018 година. За целокупната потребна документација за упис на првачињата, потребно е родителите да се обратат во основните училишта.